5 декември 2024  
 
Македонски / English / Deutsch
За нас Услуги Производство Персонал Партнери Сертификати Референци Контакт Вработување
    За нас   
 
BS EN ISO 9001: 2000
Hold Certificate No: FM 75139



Основната дејност на приватното претпријатие “МОНТИНГ ЕНЕРГЕТИКА” - Скопје е изградба, одржување, ремонти, реконструкција и ревитализација на индустриски и енергетски објекти, како и производство на енергетска опрема.
 
МОНТИНГ ЕНЕРГЕТИКА”, е продолжеток на фирмата “Браќа Кавуриќ” Загреб, а од 1992 година работи самостојно со својот стручен потенцијал и свои производствени погони.
 
Во изминатиот индустриски развој на Република Македонија, “МОНТИНГ ЕНЕРГЕТИКАучествуваше во изградбата на најголемите индустриски и енергетски објекти: “Риж” - Скопје, “Рафинеријата Окта” - Скопје, “Хемтекс” - Скопје, “Цементарница Усје” - Скопје, “РЕК Битола” - Битола, “РЕК Осломеј” - Кичево, “ТЕЦ Неготино” - Неготино, и др.
 
МОНТИНГ ЕНЕРГЕТИКА” учествуваше и во проектите како што се ремонтите на турбоагрегатите и парните котли во “РЕК Битола”, “РЕК Осломеј”, односно одредени реконструкции на проточниот и регулациониот дел.
Успешно е изведено зголемување на снагата во “РЕК Битола” на сите три блока од 210 MW на 225 MW под надзор на светски познатата фирма “ЛМЗ” од Санк Петсбург, Русија.
Извршена е реконструкција и замена на лопатките на НП турбината во “РЕК Осломеј” под надзор на фирмата “РАФАКО” Полска.
 
МОНТИНГ ЕНЕРГЕТИКА” ги реконструира и парните котли во следниве оранжерии: “Винојуг” - Гевгелија, “Изворски” - Богданци, “Анска Река” - Валандово, “Моша Пијаде” - Струмица и “Градско” - Градско.
 
МОНТИНГ ЕНЕРГЕТИКА”, во состав на “Браќа Кавуриќ” учествуваше во градба на капитални индустриски и енергетски објекти во следниве земји: - Алжир - Босна и Херцеговина - Германија - Гвинеа - Индија - Индонезија - Иран - Ирак - Шпанија - Либија - Либан - Нигерија - Холандија - Обинетите Арапски Емирати - Русија - Словачка - Словенија - Судан - Хрватска - Чешка - Србија ...
 
   
  Најави се  
Изглед за Печатење / Мапа на Сајтот 56688
2006 © SHUMI