21 декември 2024  
 
Македонски / English / Deutsch
За нас Услуги Производство Персонал Партнери Сертификати Референци Контакт Вработување
    За нас > Референци   
 
Референци


Монтинг Енергетика” - Скопје е приватно претпријатие со основна дејност изградба, одржување, ремонт, реконструкција, ревитализација и модернизација на енергетски и индустриски капацитети, како и производство на индустриска и енергетска опрема за потребите на АД “ЕЛЕМ” – Скопје.
 
Монтинг Енергетика” беше вклучена и ги изврши следните позначајни работи во производните капацитети за производство на електрична енергија во Република Македонија за потребите на АД “ЕЛЕМ” во периодот 1990 – 2005 година, и тоа:
 
ТУРБОГЕНЕРАТОРИ
  • редовни ремонти на турбогенераторите во РЕК Битола 3 х 225 (MW), РЕК Осломеј 125 (MW) и ТЕЦ Неготино 210 (MW)
  • зголемување на номинална моќност на турбогенераторите во РЕК Битола од 3 х 210 (MW) на 3 х 225 (MW)
  • Промени на лопатките на Баумановиот 5 и 6 степен на роторот на турбина во делот на низок притисок и 1 и 2 степен на роторот за среден притисок во РЕК Осломеј 125 (MW) во 1997 година
  • Изработка на нови и репарација на стари клизни лежаи на турбините во РЕК Осломеј 125 (MW) во 1998 година
  • ремонт на будилица на генераторот во РЕК Осломеј и РЕК Битола
  • ремонт на ладилниците на генераторот во РЕК Осломеј и РЕК Битола
  • ремонт на ладилниците на масло за турбогенераторот во РЕК Осломеј
  • ремонт на прегревачите за висок и среден притисок (ПБД, ПНД) во РЕК Осломеј
  • подесување на системите за регулација на турбините во РЕК Битола, РЕК Осломеј и ТЕЦ Неготино
  • ремонт на напојни пумпи
  • ремонт на кондез пупми
  • ревизија на арматура за машинска хала
ПАРЕН КОТЕЛ
  • редовно учество во ремонтите на парните котли во РЕК Битола, РЕК Осломеј и ТЕЦ Неготино
  • ремонт на прегревачките групи на парните котли во РЕК Битола, РЕК Осломеј и ТЕЦ Неготино
  • изработка на цевни пакети на прегревачките групи од котелот во РЕК Осломеј
  • изработка на прашински бренери за котелот во РЕК Осломеј
  • изработка и монтажа на економајзер за котелот во РЕК Осломеј
  • изработка и монтажа на сепаратор за котел во РЕК Осломеј
  • ремонт, центрирање, балансирање на вентилаторите за воздух и дим во РЕК Битола, РЕК Осломеј и ТЕЦ Неготино
  • ремонт на млиновите за јаглен во РЕК Битола и РЕК Осломеј
  • ремонт на редукционите станици за притисок на пареа во РЕК Битола и РЕК Осломеј
  • ремонт и обработка на арматура на лице место во РЕК Битола, РЕК Осломеј и ТЕЦ Неготино
  • ремонт на напојни пумпи во РЕК Битола и РЕК Осломеј
  • ремонт на пумпи за рециркулација во РЕК Битола, РЕК Осломеј и ТЕЦ Неготино
  • ремонт и замена на цевки на кондензатори во РЕК Битола, РЕК Осломеј и ТЕЦ Неготино
  • ремонт на регенеративниот загревач на воздух (РВП)
ПОМОШНИ ОБЈЕКТИ
  • изработка и монтажа на екрански дел и прегревач на пара на котел на стартна котлара во РЕК Осломеј
  • ремонт на мазутна станица во РЕК Осломеј
  • центрирање на генераторските групи на багерите во рудникот во РЕК Осломеј
  • монтажа на транспортни системи за пепел во РЕК Битола
  • изработка и монтажа на екрански дел на два котли во стартна котлара во ТЕЦ Неготино
ПОГОН ЕНЕРГЕТИКА - РЖС - Скопје
  • изработка на цевни системи на котлите WB - 1, 2
  • изработка на економајзер за котел G 32
  • изработка на цевни загревачи на котлите G 32 I,II,III
  • реконструкција на котлите G 32 за употреба на природен гас како гориво
  • ревизија и обработка на арматура на лице место
  • капитален ремонт на котлите WB - 1, 2
  • монтажа на регулациона станица за гас
  • реконструкција на цевните инсталации
  • ревизија на разладни системи
  • ремонт на напојни циркулациони пумпи
ХИДРОЕЛЕКТРАНИ
  • ревизија на арматура во ХЕ Маврово
  • ревизија на внатрешен цевковод во ХЕ Маврово
  • ремонт на топчест главен затварач во ХЕ Маврово
  • монтажа, центрирање и пуштање во погон на работните кола на турбина во ХЕ Маврово
  • монтажа на хидрауличен систем за автоматско регулирање на двата агрегати А и Б во ХЕ Маврово
  • учество во модернизирање на турбините во ХЕ Маврово
 
   
  Најави се  
Изглед за Печатење / Мапа на Сајтот 57466
2006 © SHUMI